Еколошкиот проблем – проблем помеѓу односот на човекот кон светот

Posted on Updated on

clean-airЕпископ д-р Јован II Нишки

Еколошки теми: Литургија, свет, есхатон

Еклисиологија и Еклисиолошка екологија

 

Вовед во еколошкиот проблем – теолошки погледи[1]

 

 

             Проблемот со кој се соочува Црквата во современиот свет е оној, кој што е поврзан со прашањето за односот на човекот кон светот. Овој проблем во науката и во пошироката опшествена заедница е познат како еколошки проблем. Етимологијата на самиот назив „еколошки“ нè упатува нас на суштината на овој проблем, а тоа е односот на човекот кон сопствениот „дом“[2], местото, односно средината во која живее и работи. Ако тоа го преведеме на библискиот јазик, тогаш тоа значи дека еколошкиот проблем е проблем на човековиот правилен или, пак неправилен однос кон севкупната творевина, која Бог во почетокот му ја доверил на чување, тоа е проблем на човековите правилни или, пак неправилни употреби на таа творевина Божја, која не е во човечка власт, но во Божја власт. Во таа смисла, самиот еколошки проблем постојано е надфеноменален длабок духовен проблем од духовната криза на човековиот однос кон Бога: таму каде е пореметен човековиот однос кон Бог и со Бога, таму неизбежно доаѓа и до пореметување на човековиот однос кон целата Божја творевина: кон живата и неживата природа.

Еколошкиот проблем – без никакво двоумење е еден од најголемите и најтешки проблеми со кои се соочува современата цивилизација. Сведоци сме веќе и претпоставуваме на незапирливата потрошувачка на матријалните добра, која предизвикува сеопфатно загадување, и дури неповратно уништување на природната околина, било во процес при набавка на основните суровини (нафта, гас, дрва, руда …), било во процес при индустриска преработка на основните суровини, било во процес на произведување на енергија (термо – централна, хидро – централна, нуклеарно – централна), односно при индустриската преработка воопшто, било во процес при генералниот технолошки развој на цивилизацијата.

Размерите на тоа уништување и загадување на природната средина сèуште не можат да се согледаат и проценат во потполност, но она што е очигледно се ефектите на тој трагичен процес, кој на пародоксален начин е неодвоив од цивилизираниот технолошко – економски прогрес, глобален, т.е. влијае на целата планета – Земја како единствен еко – систем („планетарниот ефект на стаклените насади“, „глобалното затоплување“, топењето на ледот на Артикот и Антартикот, подигањето на нивото на океаните и морињата и тоа попратено со поплавувања на огромни пространства во крајбрежните области, нарушување на озонската обвивка, изчезнувањето на стотици и илјадници растителни и животински видови, нанадоместливо масовно уништување на шумските ресурси ширум светот, планетарното загадување на реките, езерата и морињата, глобалното загадување на животната средина со бионеразгранливи и радиоактивни материи …) и  тоа не преставува само проблем на еден народ, опшество, држава или континент, туку – горчлив проблем на сите луѓе и народи во целиот свет, бидејќи е загрозена целата планета, целиот човечки Дом: „Човештвото, денес како никогаш до сега, стравува за својот опстанок, бидејќи изгледот на земјата е разрушен во планетарни размери. До невидени размери погодено е неговото тло, внатрешноста, водата, воздухот, растителниот и животинскиот свет. Се заканува опасност не само од уништување на човековиот живот на земјата, туку и од уништување на самата земјена планета“.[3] Говорејќи, во својата студија „Еколитургика“, за трагичното сеопфаќање на еколошката криза со која се соочува современиот свет, Татјана Горичева, светски позната руска и хрустијанска научничка по философија, ја споменува опомената на Феликс Гуатариј, кој во книгата „Три екологии“ – тврди дека сите претходни протвречности и судирања во историјата (географски, цивилизациски, културолошки, религиски или класни…) го губат денес своето значење, односно постануваат безначајни пред реалноста на глобалното пропаѓање и животно умирање, т.е. пред лицето на планетарно – универзалната еколошка криза.[4]

Ваквиот алармиран забрзан тек на случувањата –  целиот свет го водат во еколошка катастрофа со непредвидливи последици по животот на целиот човечки род. Научниците на природните и хумастичките науки веќе со децении се обидуваат да дадат научен одговор на еколошкиот проблем, да ги одредат начините и правците за остварливо решавање на тој проблем. Со еколошкиот проблем се занимаваат бројни специјалистички и експертни установи ширум светот. Еколошката тема е една од најзастапените теми во животот на современата цивилизација: скоро во сите земји на светот, од оние најразвиените до оние најнеразвиените, се одржуваат многубројни научни, економски и политички собори и конференции, кои се занимаваат со темата за еколошката криза и за заштитата на животната средина. Истовремено, секаде во светот се вложуваат значајни, но не и доволни, институционални напори да се во што пошироки размери: пробуди, едуцира и развива еколошката свест, свест за потребата од целосна заштита и зачувување на животната средина, од локално до глобално ниво.

 

images    Христијанската теологија и екологијата

           

            Еколошката тема – темата за еколошката криза на светот и човекот, во текот на последните две децении е една од главните теми на теолошкиот „работен план“ како кај православните, така и кај римокатоличките и протестанските теолози, за што сведочат стотиците теолошки книги, студии и есеи – посветени на еколошките теми. Се одржуваат многу богословски симпозиуми на тема: екологија, се приредуваат зборници со богословски текстови за екологијата, христијанските богослови за екологијата говорат и од црковниот амвон, и во часописите и дневните весници, на радиото и телевизијата. Христијанските дијалози и полемики за различните аспекти на еколошката криза се водат и на Интернет … Водечките православни теолози во своите трудови се занимаваат со длабока богословска анализа на сите (богословски, духовни, историски, социолошки, културолошки) аспекти на еколошкиот проблем.[5] На српски јазик во текот на последните дваесетина години, истотака, се објавени поголем број испирирани еко – теолошки студии и текстови (некои од авторски, некои од преведувачки карактер).[6] Се основале богословско – еколошки друштва, па дури и специјалистички академски институции, кои се занимаваат пред сè со христијанско расудување на еколошкиот проблем, како што е на пример: Институтут за теологија и екологија при Православната Критска академија (основан во 1991 година).

 

  • Извадок од книгата: Еколошке теме:

ПУРИЋ, д-р Јован II, епископ Нишки, Еколошке теме, Ниш, 2013 год.;

Превел:

Петар М. Петковски,

            студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

 

[1] Извадок од книгата: Еколошке теме = стр: 7 – 15;

[2] Οίκος;

[3] Д-р Радован Биговића, Земја није наше власништво, већ дар Божији – изложување на д-р Радован Биговиќ во Центарот на Источната Црква во Регензбург, „Црква“ – гласило на Српската православна Епархија средноевропска, бр: 89;

[4] Татјана Горичева, Еколитургика Цркве – литургиската љубов кон страдалните твари, Црквени живот, ВДС Архиепископије Белградско – Карловачке, 9/2007, стр.53, Т. Горичева, Эколитургика, www.rchgi.spb.ru;

[5] Овде да спомниме само неколку потенцијални наслови:

1 –  Philip Sherrard, Rape of Man and Nature: an Enquiry into the Orgins and Consequences of Modern Science, Ipswich, Suffolk 1987, pp. 90 – 91.

2 – So that God’s Creation Might Live: The Orthodox Crurch Responds to the Ecological Crisis: Proceedings of the Inter – Orthodox Conference on Environmental Protection.The Orthodox Academy of Crete, November 1991, Constantinople: Ecumenikal Patriarchate of Constantinople, 1992;

3 – Metropolitan John (Zizioulas) of Pergamon, Ecological Asceticism: A Cultural Revolution, Our Planet 7, no. 6 (April 1996);

4 – Metropolitan John of Pergamon, Ethics versus Ethos: An Orthodox Approach to the Relation between Ecology and Ethics, www.orthodoxreseaerchininstitute.org/articles ;

5 – Anestis Kaselopoulos, An Orthodox Approach to the Ecological Question, „Alive in Christ“, 1996: 3 (Winter 1996);

6 – Anestis Kaselopoulos, Man and Environment: A Study od St. Symeon the New Theologian, Thessaloniki 1987, pp. 195 – 217;

7 – Anestis Kaselopoulos, The Rape of Creation and the Other Solution, „Diakonia“, Thessaloniki 1988, pp. 495 – 503;

8 – Christos Yannaras, Ecology by process of elemination … and Christmas, „Kathimerini – sunday edition“ 23.12.2007;

9 – Bishop Kallistos Were of Diokleia, Ecological logical Crisis: Ecological Hope, Our Orthodox Vision of Creation, Orthodoxy in American Lecture Series, New York, 2005;

10 – John Chryssavgis, ed. Comis Crace and Humble Prayer:the Ecological Vision of the Green Patriarch Bartholomew. With a foreword by Metropolitan John (Zizioulas) of Pergamon. Grand  Rapids Mich. : W.B. Eerdmans, 2003;

11 – Tamara Grdzelidze, Creation and Ecology: Now does the Orthodox Church Respond to Ecological Problems? The Ecumenical Review, vol. 54, no. 3, july 2002;

12 – John Chryssavgis, Beyond the Shattered Image, Minneapolis, Minnesota: Light Life Publishing, 1999;

13 – Elias Oikonomou, The an Orthodox View of the Ecological Crisis, www.myriobiblos.gr ;

14 – Dr. Elizabeth Theokritoff, Thine of Thine Own: Orthodoxy and Ecology, THE ORTHODOXY AND ECOLOGY RESOURCE, Ed. Alexander Belopopsky and Dimitri Oikonomou, SYNDESMOS, The World Fellowship of Orthodox Youth. www.goarch.org/ourfaith. ;

[6] Овде да спомнеме само некои:

1 – Порука Блаженопочившег Васељенског Патријарха Димитрија на Дан заштите животне средине, Беседа – Православни богословски часопис, Нови Сад, 1 – 4/94, 1994, стр. 5 – 6;

2 – Антиохијски Игнатије IV, Патријарх, Богословско вићење твари, Беседа – богословски часопис православне Епархије бачке, књ. 4, бр. св. ¼, 1994, стр. 7 – 12;

3 – Зизјулас, Ј., Очување Божије творевине, Беседа – богословски часопис православне Епархије бачке, књ. . 4, бр. св. ¼, 1994, стр. 13 – 42;

4 – Православље и еколошка криза, Беседа, Нови Сад, 1 – 4/ 94, стр. 43 – 48;

5 – Вукашиновић, В., Православље – една еколошка вера, Беседа – богословски часопис православне Епархије бачке, књ. . 4, бр. св. ¼, 1994, стр. 49 – 60;

6 – Митроп. Јован Пергамски, Књига Отткривења и природно окружење, Теолошки погледи, 1 – 4 1998, Београд, стр. 67 – 73;

7 – Митроп. Јован Пергамски, Наука и технологија – теолошки приступ, Теолошки погледи, 1 – 4 1998, Београд, стр. 75 – 81;

8 – Христо Јанарас, Еколошко питање – егзистенцијални, а не канонски проблем, Теолошки погледи, 1998, стр. 84 – 85;

9 – Ћакон Оливер Суботић, Еколошка криза: дубинска анализа, Православље 916/2005;

10 – Епископ Браничевски Игнатије, Еколошки проблем – однос човека према природи и еколошки проблем према Св. Максиму Исповеднику, www.manlepavina.org ;

11 – Д-р. Радован Биговић, Земја није наше власништво, већ дар Божији – излагање у Центру за Источне Цркве у Регензбургу, „Црква“ – гласило Српске православне Епархије средњоевропске, бр: 89;

12 – Д-р. Гордана Живковић, Екологија и Православље, бр. 1002, 2008, http:// pravoslavje.sp.rs/broj/1002 ;

13 – Протоереј – ставрофор проф. д-р. Милош Весин, Православље као екологија тела, душе и духа – предавање одржано 28. Новембра 2009 године у Ванкуверу, www.starhangelmihailo.com ;

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s