Богопознание – Познавањето на Бога од околностите на нашиот живот

Posted on Updated on

вистинатаПознанието на Бога преку афирмации и негации е повеќе интелектуално познание. Во апофатичкото познание напредуваат оние што водат духовен живот, а од околностите на животот до познание на Бога доаѓаат сите.[1]

Како доаѓаме до богопознание во околностите (сето она што ни се случува) на животот ? – Преку сите радости, преку сите тешкотии. Но, сето тоа ни покажува дека Бог води грижа за нас: во првиот случај, ни помогнал дарувајќи ни нешто, а во вториот случај одземајќи ни нешто, заради наше поправање.

Но, особено тешкотиите (тешките околности) нè прават почуствителни и повеќе нè водат кон богопознание: „Кон Господа повикав во потиштеноста своја“ (Псалм 119, 1).

Додека пак, кога сме на добро, често пати забораваме да Му заблагодариме на Бога и да се потсетиме дека се тоа дарови единствено од Него.

Свети Симеон Метафраст вели: Сите овие искушенија ти се случија со праведен суд и заповед од човекољубивиот Бог, бидејќи си се покажал како неблагодарен кон Него.

Бога Го познаваме и од молбите за помош на нашиот ближен. Во секој човек треба да Го гледаме Христа. Во испружената рака на сиромавиот е испружената Христова рака.[2]

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

[1] Академик проф. д-р Димитру Станилое;

[2] види Матеј 25, 35-45;

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s