За Евангелието

Posted on Updated on

библијаЗборот евангелие – значи блага вест или пријатна и радосна вест. Со тоа име се именуваат првите четири книги на Новиот Завет, во кои се раскажува за животот и учењето на овоплотениот Син Божји, Господа Исуса Христа – за сè што Он има направено за воспоставување на праведен живот на земјата и за спасението на нас грешните луѓе.
До јавувањето на земјата на Синот Божји луѓето Го замислувале Бога како семоќен Творец, страшен Судија, Кој пребива во непристапна слава. Исус Христос ни дава нов концепт за Бога како за наш близок, милосрден Отец, Кој нè љуби нас. Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот (Јн. 14, 9) – им вели Хриса на Своите современици. Всушност целиот изглед на Христа, Секој Негов збор и гест биле потикнати од сочувство кон паднатиот човек. Он бил Лекарот меѓу болните. Луѓето ја чувствувале Неговата љубов и илјадници биле привлечени кон Него. Никој не бил одбиен. Христос им помагал на сите: ја пробудил совеста на грешниците, ги исцелувал слепите и фатените, ги утешувал очајните, ги ослободувал од демоните. На Неговото семоќно слово се потчинувале и природата и самата смрт.
Во и преку оваа брошура би сакал да го запознаеме читателот со: времето и околностите во кои биле напишани Евангелијата. На крајот ќе наведам некои од избраните поуки на Спасителот. Ние би сакале што повеќе читателите да се продлабочат во животот и учењето на нашиот Спасител. Та нели колку повеќе го читаме Евангелието, толку посигурно го апсорпцираме и правилниот начин на размислување. Стекнувањајќи личен духовен опит и искуство, почнуваме да се убедуваме во реалната близина на Нашиот Спасител. Ние чувствуваме дека Он е Добриот Пастир, Кој секојдневно нè избавува од беда и ги раководи нашите животи.
Во нашиот век, кога луѓето слушаат и читаат толку контрадикторни, често погрешни информации, би требало Евангелието да биде за нас почетна книга. Додека сите други книги содржат мисли и мислења на луѓе, од Евангелието ги слушаме бесмртните зборовите на Самиот Бог!

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s