Есеј за 18 гл. од евангелието според Матеј

Posted on Updated on

nerakotvoren_mСветото Писмо претставува сок на бесмртност. Тоа има сила и моќ да го преобразува животот на луѓето. Неговото читање и изучување предизвикува блаженство на нашата душа. Евангелието по ап. Матеј изобилува со зборови и пораки за вечен живот. Во 18-тата глава Спасителот ни дава разни совети и поуки, а особено на светите апостоли, чија што должност мошне јасно се определуваат во следните стихови. Во почетокот на оваа глава се разгледува прашањето, кое постепено прераснало во дискусија помеѓу апостолите и истото било упатено и до Христа: Кој е поголем во Царството Небесно? Во тоа време апостолите Христовото Царство го разбирале како земно царство и нив ги зазела славољубива желба. Тие сè уште не биле свесни и вистински не ја разбирале Христовата мисија на земјата, но токму тогаш на пат кон Ерусалим почнало нивното преумување. За полесно да им го објасни одговорот Христа повикал едно дете, чија што вера, послушност, незлобливост, неславољубие, радост, несреброљубивост, непохотливост и бестрастие треба да ни се пример. Блажени Августин за тоа прашање исто нѐ советува: Да одиме лесно како дете – не во страмни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту пак во препирка и завист … Во петтиот стих се дава потврда дека токму нашето преумување треба да е стремењето кон детската љубов, која го весели срцето и го припрема за влез на Бога и таа душа е најголема и може да влезе во царството небесно. Во енагелието по Лука уште се вели дека оној, кој е најмал меѓу вас, тој ќе биде најголем. По таквиот став и духовно расположение се познаваат правите Христови ученици. Потоа се зборува за големината на соблазната врз тие најмали, скромни и смирени христијани. За да се покаже тежината на тој грев, кој се шири како епидемија во светот се преземаат најголеми мерки против соблазнувачот, кој е ѓаволски соработник осуден да му се обеси воденички камен на вратот, а најпослем да биде фрлен во гената огнена. Но, ние треба во секого да гледаме како на Божјо создание и треба да не презираме никој човек на земјава и тоа токму затоа, оти Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното. Овој стих се однесува со голем акцент за понатамошната службата на апостолите. Во следните неколку стихови следува параболата за загубената овца. Тука се дава и централната поука и се објаснува 11-иот стих и тоа преку приказна од секојдневниот живот. Христос на апостолите им дал должност да се грижат за секоја човечка душа, а особено за тие, кои се загубиле на патот кон спасението. Со тоа се покажува универзалноста на проповедта и целта на мисијата. Смислата на параболата укажува на големата грижа и љубов, која треба да ја имаат апостолите за секој човек, кој според зборовите на бл. Августин: е создаден за Бога и својот идентитет,исполнување (полнота) и совршенство ги наоѓа во Него. Не само што им се даваат должности на апостолите, но во следните стихови се одредува односот помеѓу личностите во заедницата. Поточно за односот кон оние, кои ни згрешиле, а тој однос треба да биде исполнет со љубов. Гревот треба да е причина за поголема љубов. Но, ако болниот или грешниот не го послуша здравиот во име на љубовта, а потоа ако не ги послуша и сведоците, најпосле тоа недоразбирање се разгледува соборно во Црквата, но ако и неа не ја послуша, тогаш тој е веќе надвор од заедницата, бидејќи не Го послушал гласот на Светиот Дух. Христос уште за време на Својот живот не на сите Свои ученици и следбеници им дал исти дарови, пример ни се самите апостоли, кои се само 12-мина и на нив им рекол: Сè што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото. На овој начин директни Христови наследници се јавуваат само и единствено дванаесетте апостоли и со ова се оформува (создава) и првата ерархија, односно почетокот на свештенството во Христовата црква. Апостолите биле учители и раководители на верниот народ кој ја претставува втората група во Црквата, а тоа се: мирјаните. Во продолжение станува збор за силата на соборната и на заедичката молитва – сомолитвието (19-20 стих) со што се наговестува значењето на Црквата, во која Бог непрестајно дејстува и со тоа се укажува и на големите загуби на непокајаниот грешник, кој не само што бил одлачен од заедницата, односно црквата, но со тоа го изгубил и Бога, Кој сака секој да се покае, па и не советувал во одговорот на Петровото прашање дека треба безброј пати да им простуваме на оние, кои ни згршиле на некој начин. Тоа Го прави преку компарација на зборови и поуки од Стариот со Новиот завет. На крај од главата, во последните стихови со параболата за должниот слуга ни се дава пример за тоа како треба да бидеме смирени, трпеливи и да им простиме на оние кои ни згрешиле, вежбајќи се во љубовта. Треба да сме милостиви, зошто тие ќе бидат помилувани како и малите деца. Со оваа парабола се дава разјаснување и потврда на предходните стихови и тоа преку јасната паралела на Божјото неизмерно човекољубие и нашата несериозност, затапеност и немилосрдие, кои треба да бидат причина за преумување и осврнување како и грешникот, кој побарал и добил прошка од Бога за своите гревови. Така всушност се молиме и во Господовата молитва. Зборовите во оваа целина од евангелието се повици, кои повикуваат на исполнување на должностите на секој во Црквата. Апостолите треба да се грижат за сите луѓе, кои треба да се научат на љубов помеѓу себе, а врв на таа љубов е покајанието и простувањето, бидејќи како што ние ќе постапиме со луѓето, така и Бог ќе постапи со нас, па затоа да се здобиеме со милостивоста, која ќе не одведе во она место блажено, светло и тивко, подготвено за оние, кои го љубат.

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s